Бугарија со рози ги пречека првите странски туристи
26 јуни 2020Со чартер-лет од Холандија на аеродромот во Бургас денеска пристигнаа првите странски туристи по избивањето на пандемијата на коронавирусот. Пречекани беа од бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, а добија по една црвена роза и бугарски сувенири. Пречекот беше дополнет и со фолклорна програма.
Најсиромашната земја во Европската унија се потпира на туризмот, кој има удел од 12% во економското постигнување на Бугарија. Министерката Ангелкова, која признава дека времињата се тешки, се надева дека и покрај короната, овогодишната летна сезона ќе биде успешна. Ангелкова укажа дека на бугарскиот брег на Црното Море коронавирусот е малку раширен. Чартер-четови од Холандија би требало да има четирипати неделно.
Многу големи хотели на бугарското крајбрежје не знаат дали и кога повторно ќе отворат, со оглед на тоа што многу чартер летови се откажани - само во јули околу 150. Исто така, тешко е да се предвиди како ќе изгледаат работите со туристите од големите пазари како Германија, Велика Британија и Русија.
Повеќе:
Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка
Првите туристи пристигнаа во Црна Гора
Нови чекори за спас на грчкиот туризaм
Бугарија досега беше релативно малку погодена од коронавирусот, но бројот на заболени се зголеми прилично во текот на изминатите две недели и сега изнесува 4408.