Бундестаг – анти допинг
6 јули 2007Реклама
По повеќегодишна дискусија германскиот Парламент донесе и закон за борба против допингот во спортот. Во иднина и лицата кои поседуваат или тргуваат со забранети средства што можат да се користат за допинг може да бидат осудени на затворски казни до 10 години. Дури и поседувањето поголеми количества вакви супстанции ќе биде казниво. Според новиот закон спортистите кои користат недозволени средства и понатаму им подлежат на соодветните спортски судски органи. Опозицијата во парламентот го критикуваше законот како премногу либерален.