1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот дебатира околу европскиот чадор за спас

8 септември 2011

Денеска германскиот парламент ќе дебатира за проширувањето на т.н. Европски чадор за спас. Предлог-законот предвидува зголемување на германските гаранции за кредити на евро-земјите во криза од 123 на 211 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/12Uo6
Фотографија: picture alliance/dpa

Во предлогот на владата, меѓутоа, досега нема правило со кое ќе се регулира правото на глас на Бундестагот во примената на чадорот за спас. Коалиционите партнери ЦДУ/ЦСУ и ФДП намерно го оставија овој дел отворен, за да можат да ја земат предвид пресудата на Уставниот суд околу германската помош за Грција и учеството во чадорот за спас. Вчера, Уставниот суд пресуди дека германското учество во помошта е во согласност со Уставот. Сепак, судиите наложија при идни акции за спас Бундестагот да биде вклучен повеќе во процесот на одлучување. Денеска на дневен ред во парламентот е првото читање на предлог-законот за проширување на чадорот за спас, а законот треба да биде донесен на 29 септември. Согласноста на Бундестагот важи за сигурна, со оглед на тоа што опозиционите социјалдемократи и зелените веќе најавија дека ќе се изјаснат „за“ законот.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски