Буш бара засилен ангажман во Авганистан
22 мај 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш апелираше до земјите-сојузнички од НАТО, да го засилат својот ангажман во Авганистан. Буш по вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хооп Шефер во Тексас истакна дека тој ќе настојува да ги убеди земјите партнери во Алијансата да преземат поголем товар и сите да се соочат со еднакви ризици во Авганистан.