1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Прво АстраЗенека, потоа Бионтек/Фајзер или Модерна

Жанет Цвјенк
2 јули 2021

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ќе ја следи препораката на Постојаната комисијата за вакцинирање за комбинација на вакцините АстраЗенека и Бионтек/Фајзер или Модерна.

https://p.dw.com/p/3vwWf
Impfung mit dem Biontech oder dem AstraZeneca Corona Impfstoff.
Фотографија: Frank Hoermann/SvenSimon/picture alliance

Германија, според министерот за здравство Јенс Шпан, има доволно вакцини за да ја спроведе препораката на Постојаната комисија за вакцинација (Стико) за вакцинирање со различни вакцини. „Сега може да се делува многу бргу“, изјави Шпан по средбата со своите покраински колеги во Берлин.

На средбата преку видео-врска беше вклучен и раководителот на Стико, Томас Мертенс. Тој, како што извести Шпан, „многу јасно“ ставил до знаење дека вакцинирање прво со АстраЗенека, а потоа со Бионтек/Фајзер или Модерна, „дава висока заштита“.

Министерот за здравство информираше дека согласно препораката на Стико, кога станува збор за вакцинирање со различни вакцини, втората доза би можела да следува веќе четири недели по првата. Со тоа би се добила целосна заштита и од Делта-сојот на коронавирусот.

Повеќе: 

Вакцината на Бионтек и Фајзер е ефикасна и против Делта сојот на коронавирус

Германски експерт: Делта сојот е позаразен, но смртноста е помала

Конфузија околу ковид-сертификатите: Вакциниран сум а не можам да влезам во ЕУ?

Постојаната комисија за вакцинација вчера изненадувачки соопшти дека луѓето кои прво добиле АстраЗенека, во иднина, независно од тоа колку се стари, како втора доза може да добијат мРНК-вакцина, како што се Бионтек/Фајзер или Модерна.

Доколку наесен биде неопходна трета доза, Германија има доволно вакцини, тврди сојузниот министер за здравство. Досега (состојба на 1 јули 2021) во Германија една доза од вакцините против коронавирус добиле 55,1% од граѓаните, додека 37,3% имаат добиено две дози, што значи дека се целосно заштитени.