1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пристигнуваат нови вакцини, се чека „Спутник“

ДТЗ
2 јули 2021

Десет илјади вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, пристигнаa во земјата, а наредната недела се очекуваат и 10.000 дози од руските „Спутник“.

https://p.dw.com/p/3vvO5
Nord-Mazedonien Corona Impgung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во екот на заканите од новиот Делта сојна Ковид-19 кој зема сѐ поголем замав и во регионот, во Северна Македонија пристигнуваат нови дози вакцини за имунизација на населението. Надлежните апелираат до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само на тој начин ќе можат да ги спречат штетните последици од непредвидливиот вирус и новите уште позаразни мутации.

Десет илјади вакцини на „АстраЗенека“ донација од Хрватска пристигнаa во С,Македонија, а хрватската влада донела одлука во идниот период да донира уште 20 илјади вакцини за С Македонија. Идната недела се очекува да пристигнат и 10.000 вакцини од руските „Спутник“. Вакцините веќе се дистрибуираат во вакциналните пунктови и до крајот на идната недела, според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, 500 илјади граѓани ќе бидат вакцинирани. 

Во меѓувреме и Данска најави дека ќе донира два милиони доза вакцина од компанијата „АстраЗенека“ на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за системот КОВАКС.

-повеќе на темата: СЗО предупредува од нов бран на коронавирусот во Европа

На вакциналните пунктови во С. Македонија во моментов се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади ги примиле и двете дози. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека вакцините се безбедни и дека без одобрение на Агенцијата за лекови ниту еден лек нема да биде пуштен во промет. 

Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта сојот и заштита на границите со евентуално воведување тестови. Според Филипче, сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.