1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Во С. Македонија пристигнуваат првите бегалци од Авганистан

30 август 2021

Владата соопшти дека вечерва на аеродромот во Скопје пристигнува првата група бегалци од Авганистан.

https://p.dw.com/p/3zheS
USA Virginia | Ankunft Afghanischer Flüchtlinge
Фотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

На аеродромот во Скопје вечерва ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан кои македонската влада одлучи да ги прими на барањето на САД.

Неофицијално, се работи за група од околу 150 луѓе за кои е обезбедено сместување во хотели на периферијата на Скопје.

Владата претходно најави дека во земјата се очекуваат вкупно 780 бегалци од земјата која влезе во нова фаза на нестабилност откако талибанците повторно ја освоија власта. 

Спасовски: Бегалците не се закана

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во изјава за ТВ Канал 5 не можеше да потврди колкава ќе биде конечната бројка на бегалци кои ќе пристигнат во земјата поради проблемите со евакуацијата на аеродромот во Кабул со кој се соочуваат западните сојузници.

Тој сепак уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни затоа што нема основа за нарушување на безбедносната состојба.

„И МВР и Агенцијата за национална  безбедност и Агенцијата за  разузнавање ги преземаат сите мерки од безбедносен аспект и граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи немаме никаков основ за нарушување на безбедноста во делот на оваа оперативна акција. Од друга страна и Министерството за здравство ги презема сите свои активности и надлежности кои произлегуваат од заштита на здравјето на населението посебно сега во услови на корона вирусот. Ќе се понуди соодветна здравствена нега и вакцинација за тие кои не се вакцинирани“, потенцира Спасовски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема