1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Видео: Протести против промената на името во Скопје

19 ноември 2018

Неколку илјади приврзаници на движењето „Бојкотирам уставни промени“, синоќа излегоа на протест пред Собранието во Скопје. Најавија засилени протести и блокади низ целата земја.

https://p.dw.com/p/38VWW
Mazedonien Protest Namensänderung
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Неколку илјади демонстранти побараа стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија. Тие најавија продолжување на протестите се додека не се исполнат поставените барања. Организаторите на протестот се заканија дека во наредните денови и недели ќе следуваат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација, како и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија.

Mazedonien Protest Namensänderung
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Од протестот беа повикани граѓаните да им се приклучат и да бидат секој ден пред Паркот на жената борец од 16 до 20 часот. Најавија дека таму ќе бидат и на први декември, кога е предвидена седница на Собранието за нацрт-амандманите за уставни измени. 
Погледнете повеќе во видеото: 

Протести против промената на името во Скопје