1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Во борбата за моќ во Барселона победник е Меси

Марко Лангер | агенции
28 октомври 2020

Жозеп Марија Бартомеу веќе нема да управува со судбината на фудбалскиот клуб Барселона. Но, со тоа не завршува и кризата во клубот.

https://p.dw.com/p/3kWm7
Spanien La Liga gibt Barça im Konflikt mit Messi Recht
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Oesterle

Контроверзниот претседател на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, извлече консеквенции од судирот со супер ѕвездата Лионел Меси и објави своја оставка. 57-годишниот Бартомеу тоа го обелодени по вонредната седница во клубот вчеравечер. Заедно со Бартомеу, кој до понеделникот се’ уште исклучуваше можност за своја оставка, се повлекува и целото раководство на клубот. Како главна причина за оставката Бартомеу го навел противењето на властите во регионот Каталанија да го одложат поради пандемијата на корона за две недели гласањето по барањето за гласање доверба за него.

57-годишниот Бартомеу беше претседател на ФЦ Барселона од 2014 година. За барањето за гласање доверба за Бартомеу опозицијата собра повеќе од 20.000 потписи. На противниците ќе им беше неопходно двотретинско мнозинство за да го симнат од тронот неомилениот шеф на клубот. Бартомеу стана неомилен поради тоа што влезе во конфликт со Лионел Меси. Аргентинецот летоска сакаше поради тоа да го напушти клубот. Бартомеу, по долг судир, го примора Меси на исполнување на договорот до јуни 2021 година.

Bildkombo Josep Maria Bartomeu und Lionel Messi
Жозеп Марија Бартомеу и Лионел Меси

Кризата во Барселона се заостри уште повеќе по поразот во дербито против Реал Мадрид во текот на викендот, кога тимот доживеа пораз од 1:3. Денеска Барселона игра против Јувентус во Лигата на шампиони.