Во Грција врие
15 јуни 2011Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнево треба преку телевизијата да му се обрати на народот. Папандреу денеска за финансиската криза во земјата разговараше и со претседателот на Грција Каролос Папуљас, а денеска е и првата парламентарна седница околу мерките за штедење. Парламентот е веќе блокиран од илјадници демонстранти, кои извикуваат „крадци“ и „предавници“, и прашуваат каде се нивните пари. Агенциите јавувааат и за судири меѓу десни екстремисти и автономи, кои се судирле пред парламентот, употребувајќи стапови. Претходно, припадници на екстремната левица имаа судир и со полицијата, која мораше да употреби солзавец за да ги растера. Поради напрегнатата безбедносна состојба во земјата премиерот Папандреу разговарал и со шефот на тајните служби.
ЕК полага многу на реформите во Грција
Додека во Атина врие, од Брисел стигнуваат пораки дека програмата за помош за Грција не е несоцијална. Порптарол на еврокомесарот Оли Рен изјави дека Европската комисија полага многу врз реформите на економијата, кои досега не беа доволни, меѓу другото и поради недоволната конкурентност на Грција и корупцијата. Во оваа година Грција треба да заштеди 6,5 милијарди евра, што е предуслов ММФ и европските финансиски институции на Грција да и одобрат нов заем за закрепнување на земјата која се соочува со банкрот.
Автор: ЕМФ/СН/дпа/ ртр/дапд/ макфакс
Редактор: Симе Недевски