Погрешна достава
27 јануари 2012Пакетите пристигнале на 16-ти јануари во центарот за распределба на поштенски пратки на ОН. Тие предизвикале сомнеж кај вработените, бидејќи имале знак кој наликувал на „лоша имитација“ на знакот на ОН. Портпаролот на ОН Мартин Несирки рече дека пакетите „немаат никаква врска со ОН“ и дека затоа истрагата ја води њујоршката полиција.
Според портпаролот на полицијата во Њујорк Пол Браун, пакетите содржеле 14 книги, чии страници биле искинати, и секоја од нив содржела нешто повеќе од еден килограм кокаин. Браун нагласи дека на пакетите немало име или адреса на испраќачот и дека тие пристигнале од Мексико Сити во Синсинати, во американската сојузна држава Охајо.
„Наша претпоставка е дека овој наркотик воопшто не требало да го напушти Мексико, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека „некој во Мексико, сигурно многу жали што изгубил толку големо количество дрога“. Запленетата дрога има пазарна вредност од околу два милиони долари.
Автор: ЕМФ/ дпа/ миа
Редактор: А. Трајковска