Во Хрватска улични протести против апсењето на Готовина
12 декември 2005По читањето на седумте точки од обвинението, што го товари за злостори против српските цивили за време на операцијата „Бура„ и во летото 1995-та, тој се изјасни дека не е виновен ни по една од нив. Во неговата татковина, пак, апсењето и испорачувањето на „големиот јунак на татковинската војна„ меѓутоа на викендот предизвика бурни реакции и протести во повеќе градови.
Демонстрации за поддршка на Анте Готовина имаше во главниот град, потоа во Вуковар на границата со Србија каде за време на војната се водеа огорчени битки, како и во приморските градови Ријека и Сплит. Во Сплит излегоа и најголем број граѓани на улица, повеќе десетици илјади дури. Многумина носеа крстови, други вееја хрватски знамиња. Главен организатор на протестите во Сплит беше најголемото хрватско Здружение на воените ветерани, така што и главни говорници беа пензионирани генерали и соборци на Готовина, додека локалните политичари се држеа пострана. Здружението исто така официјално соопшти дека протестите не се насочени против актуелната хрватска влада, но говорниците не се држеа навистина до ваквата генерална определба:
„Се срамиме од оваа влада. Се срамиме од нејзината предавничка политика кон странските држави. Каква е таа политика да се апсат бранителите на татковината и да се екстрадираат во странство?„ – праша претседателот на Здружението Жељко Стризе.
Претседателот на државата Стипе Месиќ на демонстрациите одреагира со изјавата дека Хрватска ја интерсира вистината. Тој порача дека владата ќе ја поддржи обраната на Готовина, но се со улични демонстрации, туку со експерти.
„Јутарњи лист„ објави резултати од анкета на јавното мнение според која дури 53% од хратските граѓани сметаат оти апасењето на Готовина е лоша вест за земјата. Мнугимина други се неорешеителни. Тие знаат дека испорачувањето на Готвина беше клучна пречка за соработка со ЕУ:
„Тој е јунак, но мора да одсговара пред Судот„ – вели еден учител.
„И за него и за Хрватска ќе беше подобро доколку самиот се предадеше„ – оценува пак еден техничар.
Од хрватските партии доаѓаат поделени реакции. Додека оние од десниот спектар се обидуваат да ја насочат острицата на гневот кон актуелната влада, на која и‘ префрлаат дека го продала Анте Готовина, Либералните демократи и Содцијалдемократите сметаат дека неговото испорачување е позитивна вест.
„Мене ми се префрлаше дека сум му овозможил на генералот Готовина да избега. Јас и тогаш и сега имам исто мислење, а тоа е дека тој мора да се појави пред Хашкиот трибунал. Тоа е единственото место каде што може да се брани себе си и Хрватска„ – порача поранешниот премиер Ивица Рачан.