1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел: Македонија и Бугарија потпишаа историски договор

ЕМФ
1 август 2017

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го поздрави потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија

https://p.dw.com/p/2hVRn
Deutschland Bundesaußenminister Gabriel
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/E. Contini

Во својата реакција на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија, која стигна само половина час по свеченото потпишување во Скопје и изјавите на премиерите на двете земји, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изразува задоволство и вели:

„Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија денеска потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу фактот што по многугодишни преговори кои не носеа резултат, сега се успеа во пронаоѓањето спогодбено решение за отворените прашања. Со тоа двете земји испраќаат важен сигнал за успешна билатерална и регионална соработка на Балканот и за натамошна евроатлантска интеграција на ПЈР Македонија.

За одбележување е тоа што потпишувањето (на Договорот за добрососедство, н.з.) се случува помалку од два месеца по стапувањето на должност на новата македонска влада.

Уверен сум дека новата влада во Скопје ќе ја следи консеквентно ваквата форма на конструктивна соработка со сите соседи. Покрај тоа, ги поздравувам и напорите на новата влада, по долгогодишен застој сега конечно да почне со итно неопходните реформи за приближување кон ЕУ.“