1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трета доза и вакцинирање на деца над 12-годишна возраст

ЕМФ | АРД
3 август 2021

Наскоро треба да биде можна вакцинација на сите деца над 12-годишна возраст, одлучија министрите за здравство. За ризичните пациенти треба да почне вакцинација со трета доза од вакцините.

https://p.dw.com/p/3yRxY
Impfkampagne Deutschland
Фотографија: picture alliance/dpa

Министрите за здравство од покраините и сојузниот министер Јенс Шпан се договорија да се нуди вакцинирање на сите деца и млади на возраст од 12 до 17 години. Тоа треба да се прави што е можно поедноставно и да биде можно не само во центрите за вакцинирање, туку и кај матичните лекари, педијатрите, но и во рамки на вакцинирањето на родителите на нивното работно место. Притоа ќе биде потребна лекарско објаснување за дејството на вакцините и согласност од родителите и старателите. Понуди за вакцинирање треба да имаат и студентите. Сето тоа би требало да обезбеди сигурен почеток на учебната година.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан изјави: „Секој кој сака, може да биде вакциниран летово. Имаме доволно вакцини за сите возрасни групи.“

Постојаната комисија за вакцини, Стико, досега има препорака завакцинирање на децанад 12-годишна возраст само во случај ако тие имаат претходни болести.

Трета доза за ризичните пациенти

Министрите за здравство се договорија и за нудење трета доза од вакцините за особено загрозените групи, значи постарите лица и лицата со претходни болести. „За нив ризикот од намалено заштитно дејство на вакцината е најголем“, изјави претседателот на покраинските министри за здравство, Клаус Холечек од Баварија.

Со аплицирање трета доза од вакцините би требало да се почне во септември. Таа по правило се дава по шест месеци од добивањето на втората доза. Вакцините на Бионтек/Фајзер и на Модерна се предвидени за вакцинирањето со трета доза. Притоа, не е важно со каква вакцина претходно биле вакцинирани лицата.