1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Германија: за наставниците компјутери, за учениците интернет

БГ/ ДПА
14 август 2020

За полесно справување со последиците од пандемијата на коронавирусот и дигитализација на училишниот процес; училиштата, наставниците и учениците ќе добијат голема финансиска помош од државата.

https://p.dw.com/p/3gy6K
Symbolbild Grundschulkinder & Computer
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zoonar.com/Robert Kneschke

Планот на германската влада и на покраините е во најбрз рок да се приклучат сите училишта на интернет, наставниците да добијат компјутери, а учениците евтин пристап до интернет од дома. 

„Пандемијата го забрза развојот на формите на дигитално учење“, изјави владиниот портпарол Штефен Зајберт по средбата на канцеларката Меркел, шефицата на СПД Саскиа Ескен и министрите за образование на сојузно и покраинско ниво.
„Заедничка е желбата, во најбрз можен рок сите училишта да се приклучат на интернет, на учениците да им се овозможи евтин интернет во нивните домови, а наставниците да добијат компјутери“. 

- повеќе на темата: На училиште со маска по летните горештини

Иако на состанокот не се утврдени конкретни рокови, планот е дигитализацијата да се изврши во најкусо време. Канцеларката Ангела Меркел и регионални политичари веќе побарале од најголемите телекомуникациски компании да им обезбедат на сите деца интернет за кој месечната сметка не би надминувала 10 евра. Паралелно ќе трае процесот на инсталирање интернет и во училиштата, а сите наставници ќе добијат лаптоп компјутери. 

Трошоците за целиот проект се проценуваат на околу 500 милиони евра.

Властите сакаат по секоја цена да избегнат повторно затворање на училиштата, како што беше случај на почетокот на пандемијата.