1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Сарацин- специјален претставник за Западен Балкан

ЖА
2 март 2022

Токму во сегашната ситуација, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан за Германија имаат највисок стратешки приоритет, истакнува министерката за надворешни работи, Аналена Бербок.

https://p.dw.com/p/47sTe
Berlin - Manuel Sarrazin spricht bei Plenarsitzung des Deutschen Bundestages
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Schuldt

Новиот германски специјален владин ополномоштеник треба да помогне во пристапното напредувањето на земјите од  Западен Балкан  кон ЕУ, како и во унапредување на еколошката трансформација на индустрискиот и енергетскиот сектор во регионот.

Во чекалницата за  прием во ЕУ  се наоѓаат кандидатите  Северна Македонија,  Албанија, Црна Гора и Србија, а подоцна треба да следат БиХ и Косово.

Мануел Сарацин припаѓа на Партијата на Зелените, од 2008 до 2021 година беше член на Бундестагот.

Sondersitzung des Bundestags zum Krieg in der Ukraine - Annalena Baerbock
Аналена Бербок: Силен, стабилен и мирен Западен Балкан одлучува и за иднината на ЕУФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази задоволство од одлуката за именување на Мануел Сарацин за специјален ополномоштеник на германската владата за земјите од Западен Балкан.

Бербок истакнува дека го цени Сарацин посебно поради тоа што знае со колкава страст тој се ангажира за регионот.

„Токму во сегашната ситуација, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан за Германија имаат највисок стратешки приоритет. Како влада одлучивме да именуваме специјален претставник кој заедно со шесте држави целно ќе работи на развојните перспективи и најдобро што може ќе ги поддржува тековните реформски процеси. Мануел Сарацин во тоа тесно ќе соработува со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Косово – Србија, Мирослав Лајчак, како и со Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Силен, стабилен и базиран на мир Западен Балкан во Југоисточна Европа одлучува и за иднината на Европската унија“, се вели во соопштението на министерката за надворешни работи Аналена Бербок.