1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија мора гласно да изговара: „имиграција“

Кристоф Штрак/превод:БГ21 јули 2015

Во Германија повторно се водат дебати околу доселувањето. Но овојпат причината не е растечкиот број на бегалци. Германската политика со години избегнуваше конструктивна расправа за оваа тема

https://p.dw.com/p/1G1xg
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Едно дете ја покрена целата дебата. Со суверен опис на својата бегалска судбина и неизвесната иднина, 14-годишната Рем ја збуни канцеларката Ангела Меркел, а дебатата за азилантите и имиграцијата ја доведе до точка на вриење.
Се водат расправи за многу теми. Но малку за бегалците, и малку за мигрантите. Час се говори и за европските прописи, час за основната човечка обврска да се помогне. Исто така и за европските финансиски проблеми. И се доаѓа до заклучок дека Германија со своето стопанствп у експанзија има демографски проблем, дека е упатена на мигранти и бегалци, но дека сѐ уште нема одржливо решение.

Неколку години (до 2004.) во Германија постоеше „Зелена карта“ која им овозможуваше на 13 илјади работници од странство пристап до пазарот на труд. Потоа, во почетокот на 2005. година во сила стапи законот за доселување на црвено-зелената (СПД и Зелените) коалиција. Две години подоцна тој закон го реформираше црвено- црната (СПД и ЦДУ) коалиција. Неодамна, пред летната пауза, Бундестагот го реформираше законот за престој. Тој предвидува странците кои досега имаа привремено право на престој (Дулдунг) да мора да добијат и трајна дозвола за престој доколку го научиле германскиот јазик и доколку можат финансиски да се издржуваат. На девојчето Рем и на нејзиното семејство тоа може да им помогне. Но јасно е и тоа дека со престојот демнат и многу неизвесности.
Денес во ЕУ постои ткн. „Сина карта“ со која државите членки им одобруваат престој на високо квалификуваните експерти. Добивањето на таа карта Германија го условува со потврда за годишни примања, која ја немаат полно нови вработени.
Германија особено мора да се преориентира кон доселувањето за да го задржи економското ниво. Но, никој не сака гласно да изговори „имиграција“.
Генералниот секретар на ЦДУ, Петер Таубер бара закон за доселување. Германскиот претседател повремено се залага за доаѓање на поголем број доселеници. А социјалдемократите тоа го прават јасно и гласно (меѓудругото и затоа што на тој начин лесно ја разбеснуваат ЦДУ).

alt - bitte stattdessen 43309813 verwenden
Кристоф ШтракФотографија: DW

И сега додуша сите го велат истото, но очигчедно не го мислат истото. Германија мора да биде поискрена. И кај темата доселување и кај темата азил. Воениот виор во Сирија, Ирак и Либија ќе протера уште повеќе луѓе кон Европа. И уште повеќе африканци ќе тргнат кон Европа бегајќи од државното насилство. Никој не знае колку долго во Германија ќе останат воените бегалци и кога ќе се вратат во своите земји. Истовремено, неприфатливо е во Германија азил да бараат десетици илјади луѓе од балканските земји кои се кандидатки за членство во ЕУ, или наскоро ќе го добијат тој статус, а нивните постапки (осудени на неуспех) да траат со месеци.

Да, во Германија има напади врз бегалските сместувалишта, има и грозни ксенофобични демонстрации, понекогаш гласно се извикуваат и глупани политички пароли. Но на другата страна е прекрасен, често и волонтерски ангажман. Во малите селат и во големите градови. За тоа ретко се говори и пишува, иако тоа ја збогатува земјата.
Во Саксонија минаа неколку недели пред политички одговорните личности јасно и гласно да кажат што мислат за ксенофобичните напади и изјави. Таквите настапи поттикнуваат на исклученост. Сега од Баварија пристигнуваат слични тонови. Но политиката не смее да исклучува. Политиката мора да потсети на тоа дека прифаќањето на бегалците, интеграцијата и соживотот го збогатуваат општеството, но тоа значи и многу работа и напор. И тоа од страна на самите бегалци, општеството кое ги примило, политиката. Германија и Европа се наоѓаат пред огромна задача. Политиката повеќе не смее да го избегнува конструктивниот однос кон таа тема и не смее повеќе интеграцијата да ја сфаќа како заморна обврска.