1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Највисока инфлација во последните 29 години

ЕМФ | дпа
29 ноември 2021

Мора да се издржи нов скок на цените - инфлацијата во Германија го надмина прагот од 5%. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении.

https://p.dw.com/p/43cXS
Wirtschaft Symbolbild Verbraucherpreise Einkauf Kasse Kunde Verbraucher
Фотографија: picture-alliance/dpa/Armin Weigel

Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2% во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска (29.11) Сојузниот завод за статистика. Ваква инфлација последен пат е забележана пред цели 29 години. Повисоката инфлација ја намалува куповната моќ на потрошувачите.

Повторно, најголемо поскапување се бележи кај енергијата. Имено, енергијата за домаќинства во рок од една година станала поскапа за 18,6%.

Strommasten vor Kraftwerk
Најмногу поскапува енергијатаФотографија: Federico Gambarini/dpa/picture alliance

Економистите сметаат дека стапката на инфлација ќе се намали на почетокот на наредната година. Експертите проценуваат дека во 2022 година стапката на поскапување ќе падне на 2,6%.

Повеќе:

Растот на инфлацијата и реалната опасност од неа

Народна банка со прогноза: Раст од 3,9% и инфлација од 3,1%

Инфлацијата во Турција ги тера луѓето во сиромаштија

Европската централна банка стреми кон тоа годишната инфлација во земјите од европската монетарна унија да не биде повисока од 2%. ЕЦБ на актуелниот пораст на инфлацијата во Германија и во еврозоната гледа како на привремено зголемување. „Сметаме дека инфлацискиот пораст го достигна својот врв во ноември и дека инфлацијата наредната година повторно ќе се намали и тоа ќе оди во насока на нашата цел од два процента“, изјави членката на директориумот на ЕЦБ, Изабел Шнабел за утринскиот магазин на телевизијата ЗДФ.