Нов модел за вработување луѓе од Балкан
15 јуни 2018Имено, од крајот на 2015. година во сила стапи ткн. Регулатива за Западен Балкан. Што значи таа конкретно и кој најмногу профитираше? Поедноставената процедура би требало да им го олесни легалното доаѓање на граѓаните на земјите од Западниот Балкан. Но, олеснувањата не се исти за сите .
Додека за физичарите, математичарите, инжинерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање на „сината карта“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и натаму е 50.000 евра годишна плата.
За занаетчиите додуша не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, механичари, возачи и фризери многу полесно добиваат работа во Германија од, на пример, трговци или секретарки.
Повеќе:
-Германија бара од инженери до негуватели
-Сѐ повеќе Балканци работат како негуватели во Германија
-По 14 македонски работници дневно доаѓаат во Германија
Покрај олеснувањата заинтересираните кандидати мораат да се справат со куп бирократски процедури. Сепак, во 2017. бројот на издадени работни дозволи се зголеми за 60%. Но, истовремено порасна и бројот на одбиени. До октомври 2017 Сојузното биро за работа издало речиси 63.000 работни дозволи, а одбило 17.500. Најмногу доаѓаат Албанци, на второ место се граѓаните на Босна и Херцеговина а на трето оние од Србија.
63.000 работни дозволи звучи многу. Но, со оглед на тоа колку на Германците им недостасува работна сила, тоа е многу малку- и речиси безначајно.