1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Носење маски - обврска во сите покраини

ЕМФ
22 април 2020

Граѓаните на Германија во сите покраини ќе мора да носат маски како заштита од ширењето на коронавирусот. Но, правилата не секаде се сосема исти.

https://p.dw.com/p/3bGaT
Mundschutz Behelfsmaske Mund,- Nasenschutz Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Во борбата против ширењето на коронавирусот се посегнува по мерката - задолжително носење маски во сите германски покраини. Бремен денеска беше последната покраина која најави обврска за носење маски. Oдлуката за тоа ќе биде донесена во петок, а носењето маски ќе биде задолжително од понеделник, соопшти портпарол на покраинската влада.

Од понеделник почнува задолжителното носење маски и во Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд Пфалц, Долна Саксонија, Сар и Бранденбург. Во сите покраини ќе мора да се носат маски во јавниот сообраќај и, со исклучок на Берлин, во продавниците.

Повеќе:

Коронавирус: Парадокс со заштитните маски

Колку помагаат заштитните маски за одбрана од коронавирусот

Германски фирми отстапуваат маски, Фолксваген ќе произведува медицинска техника

Во покраината Мекленбург Предна Померанија веќе беше донесена одлука за носење маски во јавниот сообраќај, а сега тоа се проширува и на задолжително носење маски во продавниците. Покраинската премиерка Мануела Швезиг за весникот „Билд“ изјави дека би било добро кога „за носењето маски би имало исти правила во сите покраини“.

Носењето маски на средбата на покраинските премиери и канцеларката Ангела Меркел минатата недела беше препорачано, но не и ставено како обврска во заклучоците.