1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската амбасада затрупана со барања за работни визи

БГ
3 септември 2021

Поради огромниот интерес на македонските државјани кои сакаат да работат во Германија, амбасадата во Скопје не може да постигне да им додели термини на сите заинтересирани.

https://p.dw.com/p/3zsUu
Германија Виза Работа
Интересот за германските работни визи на Балканот е огроменФотографија: Imago Images/photothek/T. Koehler

Огромниот интерес за работа во Германија речиси ја блокираше страницата за поднесување барања за термини за издавање визи. Листата на чекање за термин на кој може да се аплицира за работна виза во Германија беше отворена на 1 септември годинава, а веќе вчера била пренатрупана со барања. Согласно германските закони, за целиот регион на Западниот Балкан определена е квота на работници кои годишно можат да аплицираат за виза во земјата. Северна Македонија во таа распределба добива надпропорционален удел, но според интересот, ни тоа не е доволно. 
„Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање“, соопшти амбасадорката Анке Холштајн на Фејсбук. 
Од Амбасадата во Скопје не соопштуваат бројка на оние што аплицирале, но велат дека нивната објава само во понеделникот имала над 50.000 прегледи. 

Огромен интерес

Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ со која се овозможува привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот за државјани од шесте земји во регионот. 
Ова правило им овозможува на сите заинтересирани да се пријават за работна виза во амбасадата во Скопје. Но тука почнуваат проблемите- интересот е огромен па честопати се случува на термин да се чека и по неколку месеци. Споредбено со останатите земји од регионот, во Скопје сепак се чека најмалку, но тоа не е утеха за многуте заинтересирани кои бурно реагираат- како што може да се прочита и на Фејсбук страницата на амбасадата. 
Од Амбасадата информираат дека секој месец се отвора листа на чекање за термин за следниот месец, но во моментот кога месечниот контингент за поднесени барања ќе се пополни, листата се затвора, а заинтересираните треба повторно да аплицираат следниот месец. 

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

Пандемијата го запре процесот 

На заинтересираните од Северна Македонија им беа издадени рекордни 6.425 работници визи во 2019. година, но постапките речиси запреа во текот на 2020 година поради пандемијата на коронавирусот. Лани работна виза добиле само 1.291 луѓе. Откако летово Германија повторно ги отвори границите за слободно движење и на граѓаните надвор од ЕУ, продолжи и процесот на издавање работни визи, а интересот е огромен. 
Притоа, голем е интересот и на германскиот пазар на трудот за работници од регионот. Според шефот на Сојузната агенција за вработување, Детлев Шеле на Германија и се потребни околу 400.000 доселеници годишно за да се пополнат сите неопходни работни места и тоа од сите профили: негуватели, преку техничари за климатизација, до логистичари и факултетски образовани луѓе. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи