1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската полиција обучувала белоруски безбедносни сили

ЕМФ/дв/бета24 август 2012

Германската полиција со години обучувала безбедносни сили на Белорусија, пишува весникот „Тагесцајтунг“. Меѓу нив имало и офицери на милицијата на претседателот Александер Лукашенко.

https://p.dw.com/p/15vz0
Фотографија: DW

Според весникот, најмалку сто припадници на белоруските безбедносни сили учествувале на обука во Германија во периодот од 2007. до 2011. година. Меѓу нив имало и офицери на милицијата на претседателот Александер Лукашенко. Освен тоа, околу 400 граничари, милиционери и крим-техничари биле обучувани директно во Белорусија. Соработката продолжила и по бруталното задушување на опозиционото движење и била завршена дури во 2011. година. Министерството за внатрешни работи ја потврди соработката и ја образложи со тоа дека во 2007. година имало знаци на реформи во насока на правна држава. Со нив била поврзана надеж за отворање на земјата кон светот.

Европската унија во јануари 2011. година одлучи да им го замрзне имотот на Александар Лукашенко и неговите блиски соработници и да престане да им издава визи за влез во земјите на Унијата поради репресијата на којашто се изложени противниците на режимот во Белорусија.