Германскиот Бундестаг за неширењето на атомското оружје
20 октомври 2006Во дебатата превладуваше мнението дека по Северна Кореја и Иран би можел да одигра на картата со атомското оружје за да ја засили својата позиција на моќ во регионалната и светската политика.
Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер во дебатата предупреди од опасноста германската јавност да се улулка во некаква лажна сигурност поради крајот на “студената војна“.
“Атомската проба во Северна Кореја пред десетина дена ги разбуди луѓето. Сведоци сме на фактот дека ерата на атомското оружје воопшто не е минато. Напротив, некои властодржци, како оние во Северна Кореја, очигледно се обидуваат со атомски игри на моќ да се изборат за посилна позиција во светската политика.“
Од партиите на опозицијата во Бундестагот дојде критика на сметка на западните земји, кои се однесуваат неверодостојно кога е во прашање атомското оружје. Како пример за тоа експертот за надворешна политика на Зелените, Јирген Тритин, го наведе примерот на ставот на САД кон Индија. Договорот што официјален Вашингтон го склучи со владата во Њу Делхи, признавајќи ја Индија како атомска сила, испраќа погрешна порака во светот:
“Тоа е токму пораката што произлегува од оваа спогодба, имено дека дрскоста во пристапот до атомско оружје се исплаќа.“
На ваквите критики кон светскста супер сила возврати експертот за надворешно политички прашања на владеачката христинанско социјална унија, Карл Теодор цу Гутенберг:
“Повремено се стекнува впечаток во оваа дебата дека САД, а не Северна Кореја или Иран ја носат главната одговорност за прекршувањето на Договорот за неширење на атомското оружје. Тоа е меѓутоа чиста бесмислица!“
Покрај ваквите различни ставови пратениците на Бундестагот се сложија дека германската влада треба да ја исползува претседателската улога во ЕУ и во Групата Г 8 за да ја наметне повторно како важен приоритет темата на разоружувањето.