Германско МНР: „Мирни избори со нерегуларности кои мора да се корегираат за во иднина“
29 април 2014
„Го поздравуваме фактот што македонските претседателски и парламентарните избори минаа мирно. Сепак, забелешките од страна на меѓународните набљудувачи за нерегуларностите за време на изборната кампања и изборите кои говорат за повреда на релевантните стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа мораат да бидат обработени и за во иднина корегирани“ се вели во соопштението од германското Министерство за надворешни работи .
„Победниците, политичките сили кои произлегуваат од овие избори, сега имаат одговорност итно да се справат со потребните реформи во политиката и општеството. Ова првенствено се однесува на обезбедување независност на судството и на медиумите од политичкото влијание. Слично на ова, сега треба да се зајакнат и добрососедски односи со сите соседни земји, кои се предуслов за евроатланската интеграција на земјата“, се истакнува во соопштението во кое германското МНР уште порачува: „Германија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот реформиски пат, како и во интеграцијата во евроатлантските структури“.