1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците сѐ покритични кон Трамп

Удо Бауер
27 ноември 2018

Откако Доналд Трамп е претседател на САД, Германците сѐ повеќе се дистанцираат од „големиот брат“ - Америка. Тоа го докажува студија организирана од фондацијата Кербер.

https://p.dw.com/p/38xsk
USA Fahne Brandenburger Tor Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германците имаат многу причини да им бидат благодарни на САД. Америка е синоним за Маршаловиот план, западните асоцијации, поддршка при повторното германско обединување и уште многу други нешта. Но, врз историското пријателство се надвиснува темна сенка: американскиот претседател Доналд Трамп ги принудува Германците да ги променат своите надворешно-политички приоритети.

Според студија на фондацијата Кербер, Германците во САД сеуште гледаат втор по значење партнер по Франција, но само 35 проценти, додека пред една година биле 43 проценти. Политиката на САД предизвикува засилено загриженост кај Германците - 28 насто во трансатлантските односи гледаат најголем надворешно-политички предизвик, додека во 2017. биле - 19%. Барометарот на загриженост е повисок само во однос на бегалската и миграциска политика.

Мнозинството е за зголемување на трошоците за вооружување

73 проценти од Германците билатералните односи со САД ги оценуваат за лоши или дури многу лоши. И тука има големо покачување во однос на претходната година (56%). Патем, напротив, 70 насто Американци сметаат дека односите со Германија се добри или дури одлични. Очигледно, тие повеќе ја ценат политиката на канцеларката Ангела Меркел отколку на својот претседател. Него првенствено го лути што германската влада, од негов аспект, одвојува премалку пари за одбранбени цели. Во овој поглед мнозинството Германци изненадувачки му даваат за право на Трамп: 43 проценти се за зголемување на буџетот за одбрана (2017: 32%). 40 проценти пак сметаат дека давачките за воени цели треба да останат на исто ниво, а 14 % сакаат да се намалат.

Повеќе: 

Како Трамповата Бела куќа гледа на Германија?

Што му должи Германија на НАТО?

САД поттикнуваат раздор во Европа

И Европа ги загрижува Германците

Германците гледаат малку причини за задоволство и во своето непосредно соседство. Растечкиот популизам и национализам, исто како и Брегзит, им ја поматува радоста во однос на ЕУ. 63 проценти мислат дека ЕУ е на погрешен пат, а само 32 % гледаат позитивно на развојот. Според 77 проценти, соработката меѓу земјите-членки на ЕУ слабее, а притоа Германците не се подготвени на отстапки кон оние кои ги сметаат за одговорни за ваквите состојби. Така, две третини не се согласуваат Британците по излезот од ЕУ да добијат некои специјални права. Само 31 процент претпочита привилегирано партнерство со Велика Британија. Мнозинството Германци е и за казнување на Унгарија и Полска поради непочитувањето на европскиот систем на вредности: 74 % Германци би сакале Германија да се заложи за построги санкции, на пример кратење на пари од ЕУ-фондовите.