1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласање за недоверба на Тереза Меј

СН/ агенции
12 декември 2018

Британската премиерка веќе денеска ќе мора да се соочи со внатрепартиско гласање околу нејзината лидерска функција во Конзервативната партија. Причина за тоа е хаосот околу договорот за Брегзит постигнат со ЕУ.

https://p.dw.com/p/39v3p
Großbritannien Theresa May, Premierministerin in 10 Downing Street
Фотографија: Getty Images/L. Neal

Членовите на владејачката Конзервативна партија кои поддржуваат таканаречен „тврд“ Брегзит собраа доволен број гласови за да започнат постапка за гласање на недоверба на Тереза Меј. Границата од 48 барања за гласање на недоверба - 15 отсто од членовите во парламентот - е постигната кога поранешниот министер Овен Патерсон одлучи да се придружи на барањето за гласање за смена на Меј.  

48 конзервативни пратеници веќе предаале писма во кои тоа би го побарале од претседателот на т.н. Комисија 1922, Греам Бредли. Во согласност со правилата, гласањето ќе се одржи меѓу 18 и 20 часот во среда на 12 декември во салата на комитетот 14 во Долниот дом“, изјави Греам Брејди, претседател на влијателната парламентарна комисија, додавајќи дека гласовите ќе се пребројат веднаш. Меј пак во Лондон порача: „Ќе се спротивставам на ова гласање на недоверба со сѐ што имам“. 

Повеќе на темата:

-Брегзит под божиќната елка

-Велика Британија може еднострано да се откаже од Брегзит

Овој потег се случува една недела по хаосот и шпекулациите откако предложениот договор за Брегзит предизвика негативни коментари. Меј може да биде сменета од лидерската функција во партијата доколку 158 од нејзините 325 пратеници во парламентот гласаат против неа. 

Eklat im britischen Parlament
Фотографија: picture-alliance/dpa

Таа вчера донесе одлука да го одложи гласањето за Брегзит во парламентот, поради страв дека нема да има доволен број гласови за нејзиниот план за излегување од ЕУ.

Меј претходно изјави оти договорот кој го постигна со ЕУ за Брегзит, а кој британскиот парламент треба да го одобри, не е совршен, но е „најдобар можен“ договор.