1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Глобален сајбер-напад блокираше илјадници компјутери

СН/ агенции
13 мај 2017

Масивен сајбер-напад ширум светот го вклучи алармот кај безбедносните експерти. Во десетици земји беа блокирани компјутерите на фирми, државни служби, потрошувачи. Во Велика Британија ги погоди дури и клиниките.

https://p.dw.com/p/2cuIS
Symbolbild Hacker -Cyberangriff
Фотографија: Imago/Reporters

Според наводите на компјутерските експерти напаѓачите употребиле таканаречен Ренсомвер, еден вид изнудувачки вирус, кој ги заклучува компјутерските податоци, кои потоа можат да се отклучат само ако се плати определена сума пари. Експертот Костин Рају, од фирмата за компјутерска безбедност Касперски, говори за најмалку 45 илјади хакерски напади во 74 земји.

Компанијата за ИТ-безбедност, Аваст, регистрирала дури 75 илјади напади во 99 земји. Според Јакуб Крустек од Аваст тежиштето на нападите во моментов се наоѓа во Русија, Украина и Тајван.

Целокупните размери на сајбер-нападот се сѐ уште нејасни. Според експертите штетниот програм се шири со огромна брзина. Според наводите на фирмата Форспоинт Секјурити Лебс, штетниот софтбер натамошно се шири со речиси пет милиони имејли на час. Употребениот Малвер е од типот „Вона Крај“, кој уште е познат и како „Вона Декриптор“. 

Британски болници на нишан

Сајбер-нападот доведе до масивни прроблеми во работата на британски болници и лекарски ординации. Поради пречките во ИТ-системите кај јавниот здравствен систем НХС, дури и службите за итна помош мораа да бидат пренасочени во други клиники. Голем број пациенти беа одбиени а рутински операции откажани. Најмалку 21 болница во Велика Британија пријави поголеми пречки. Тие биле целно земени на нишан, изјави британската премиерка Тереза Меј. таа говореше за „меѓународен напад“.

Cyber-Attacke Deutsche Bahn
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Во меѓувреме беше потврдено дека од глобалниот хакерски бран е погодена и германската железница. Во текот на ноќта беше соопштено дека во различни сектори дошло до пад на системите поради тројански напад. Сепак железничкиот сообраќај и натаму се одвива. Претходно на Твитер се појавија фотографии на кои се гледаат дисплејите на бројни железнички станици во Германија со целосно погрешни информации за редот на возење,

Идентификувана безбедносната дупка

Според компјутерските експерти хакерите во овој случај злоупотребувата една безбедносна дупка, која била откриена од американската тајна служба НСА и која била опишана во илегално распространетите документи на НСА. Според фирмата Касперски, овие информации цо април биле објавени од страна на хакерската група „Шедоу брокерс“. Во западните ИТ-безбедносни кругови пак се шпекулира дека хакерите имаат врски со руската тајна служба. Според извештаите во рускиот интернет, вчера од хакерскиот напад биле погодени и компјутерите на министерството за внатрешни работи.