Година и пол затвор за Грујевски, СЈО задоволно
8 ноември 2017Една година и шест месеци затвор доби поранешниот началник на УБК, Грујевски поради уништување на документацијата за нелегално прислушување во случајот кој СЈО го водеше под името „Тврдина 2“. Шест негови колешки од УБК добија условни казни.
Грујевски се наоѓа во Солун, Грција, каде од притвор очекува екстрадиција во Македонија. Тој побегна од државата откако беше распишана потерница за негово апсење во јули годинава. Освен за уништувањето на документацијата, Грујевски го очекува судење и за уништување на опремата за прислушување - случај кој СЈО го нарече „Таргет-Тврдина“.
Обвинителката Ленче Ристоска изрази задоволство од пресудата, и оцени дека со неа правдата излегла на виделина.
„Ваквата одлука е во рамките на нашите очекувања. Ние рековме дека имаме цврсти докази и судот тоа го потврди“, изјави Ристоска откако судот ја соопшти пресудата. Таа очекува осудителни пресуди и за другите случаи за кои СЈО води постапка.