Горно Врановци е село-музеј. Малото место во близина на Велес, во НОВ било седиште на највисоките партиски, државни и воени тела на веќе формирана Федерална Македонија. Во музејските спомен куќи се чуваат вредни работи. Сепак, во три децении независност на Македонија, речиси никој од политичкиот врв досега не стапнал во Горно Врановци.