1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Врховниот суд не даде ни дозвола за жалбата на Тексас

Ролф Петер Бројх
12 декември 2020

Врховниот суд не даде дозвола за жалбата на Тексас поради резултатот од претседателските избори во САД. Тоа е особено горчлив пораз на Доналд Трамп.

https://p.dw.com/p/3mbzT
USA Washington | Supreme Court
Фотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Американскиот претседател на заминување Доналд Трамп вложуваше големи надежи во жалбата на министерот за правда на Тексас. Трамп рече дека жалбата на републиканскиот колега Кен Пакстон е „многу солидна“ и побара и самиот да може да заземе став во текот на постапката во Врховниот суд.

Но, судот не даде дозвола за жалбата и со тоа му нанесе уште еден пораз во низа на Доналд Трамп. Тексас не поднесол докази дека има правна основа за интервенирање во резултатите од изборите во други сојузни држави, вели судот.

USA Weißes Haus | Donald Trump, Präsident
Не е задоволен со одлуката: Доналд ТрампФотографија: Patrick Semansky/AP Photo/picture alliance

Пакстон поднесе жалба на официјалните резултати во Мичиген, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин. Според него, резултатите се „неуставни“, затоа што биле вклучени многу гласови од гласање со писмо, процес кој, како што тврди Пакстон, е подложен на манипулации. Зад жалбата на Тексас застанаа и министри за првада на 17 американски сојузни држави и 126 републикански пратеници. Против аргументираа 22 други сојузни држави и американски територии. Обвинетите сојузни држави ја отфрлаат жалбата како злоупотреба на правниот систем.

Повеќе:

Нови порази за Доналд Трамп

Бајден е уверен во победа, Трамп се надева на судовите

„Американската демократија е во опасност!”

Доналд Трамп тврди дека му била украдена изборната победана изборите на 3 ноември преку масовна измама. Досега ниту тој ниту неговите адвокати немаат поднесено уверливи докази за такво нешто.