Груевски пред состав на новата влада
27 јули 2006Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски чека шефот на државата Бранко Црвенковски да му го довери мандатот за состав на новата влада. Според извори на ДојчеВеле од кабинеотот на претседателот, тоа нема да се случи денеска. Претседателот Црвенковски во текот на денот се очекува да се огласи со став за вчерашната конститутивна седница и да закаже термин за средба со мандатарот. СДСМ постепено се преселува во опозиција, ги бара причините за поразот на изборите, а ВМРО ДПМНЕ ја обвинува дека создава институционална криза „ВМРО ДПМНЕ очигледно или сака да продолжи да се однесува како опозиција, или нема капацитет, нема доволно знаење, нема доволно сила да излезе со она што им должи на македонските граѓани.“ изјави Радмла Шеќеринска од раководствотот на СДСМ.
Сличен е ставот и на ЛДП. Лидерот Ристо Пенов изјави „Коалицијата За подобра Македонија, не убедуваше дека ги знае сите чекори што треба да ги направи, не само првиот туку и понатаму, сите чекори што треба да се направат Македонија да живее подобро. Веќе на првиот чекор тие ја доведуваат цела Македонија во институцуионална криза. Немаат кандидат за претседател.“
ВМРО ДПМНЕ признава дека сеуште не е договорено кој ќе биде новиот претседател на парламентот, но негира дека тоа ќе предизвика криза. Антонио Моилошоски од оваа партија кажа „Очекуваме претседателот Груевски да го прими мандатот од господинот Црвенковски.“
Парламентарното мнозинство е формирано, граѓаните не треба да се плашат од тензи, порача потпретседателот на ДПА Мендух Тачи. Вчерашната свечена конститутивна седница мина во неколку продолженија. Една од повпечатливите дебати се водеше за мандадтот на Даут Реџепи Лека од ДПА, по кого е распишана потерница. СДСМ предложи командат Лека да биде прво амнестиран за да биде симната потерницата по него.