1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГрција

Грција: Туристите од регионот го „увезуваат“ коронавирусот

СН/агенции
9 јули 2020

Грчките власти изразија загриженост поради зголемувањето на бројката новозаразени со коронавирусот на Балканот, истакнувајќи го ризикот од „увезени случаи“, поради доаѓањето на туристи преку копнените граници во земјата.

https://p.dw.com/p/3f3Zc
Griechenland Luftaufnahme vom Strand von Glyfada
Фотографија: picture-alliance/ANE

Додека во Грција и натаму е мал бројот на новозаразени со коронавирусот, со помалку од 50 случаи дневно, загриженост предизвикува фактот што туристите сочинуваат над 50 отсто од заразените.

„Од 31.169 тестови кои се извршени на сите влезови во земјата меѓу 1 и 6 јули, само 100 случаи се позитивни или 0,3 насто“, изјави на конференцијата за новинари портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас. Зголемувањето на бројот на случаи е „под контрола“, но „најголемите проблеми доаѓаат од копнените граници со Балканот (...) каде има ненадејна тенденција за зголемување на ризикот од увезени случаи“, предупреди тој.

Пецос укажа дека сега главен ризик се малите грчки места каде доволно не се почитуваат мерките за физичка дистанца и носењето маски. Грчките власти затоа изразија подготвеност наредната недела повторно да воведат мерки за ограничување.

Griechenland Coronavirus Akropolis
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Vafeiadakis

Пецас рече дека властите „се одлучени да го заштитат мнозинството од несериозноста на малкумина“, додавајќи оти владата веројатно ќе ги соопшти од понеделник новите ограничувања доколку тоа биде потребно.

Повеќе:

-Здравствените биланси ги спуштаат граничните рампи

-Нови чекори за спас на грчкиот туризaм

-Грција: Туристичкиот рај во кризно расположение

Најмалку 7 српски туристи од понеделникот се позитивно тестирани на коронавирусот и се сместени во карантин. Грчките власти во местото Едипсос на островот Евиа во моментов тестираат 80 српски туристи сместени во еден хотел каде една двојка имала позитивен тест, јавуваат медиумите.

Иднината на патувањето со авион

Од отворањето на границата од средината на јуни, Грција ги тестира туристите кои доаѓаат врз основа на алгоритам кој опфаќа низа податоци за епидемиолошки ризик и нивните пријави за доаѓање, со лични податоци.

По појавата на жаришта во Србија, грчките власти го зголемија тестирањето на граничниот премин со Бугарија, главниот влез за бројни туристи од Балканот, а во понеделникот го затворија за државјаните на Србија до 15 јули.„Со загриженост го чекаме развојот на епидемиолшката крива до крајот на јули“, изјави за јавната телевизија Николаос Сипсас, професор за заразни болести од Медицинскиот факултет во Атина.Со 193 починати и помалку од 3.700 заразени со Ковид-19 од крајот на февруари, Грција и натаму е една од европските земји кои се најмалку погодени со пандемијата.