1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција може да се надева на нови милијарди

СН/дв/афп/ртр24 мај 2016

И повторно министрите за финансии од еврозоната расправаат за финансиска помош за презадолжената Грција. Овојпат може да се смета дека предусловите се речиси исполнети. Дури и германскиот министер Шојбле ја пофали Атина

https://p.dw.com/p/1ItZW
Фотографија: picture alliance/dpa/B.Roessler

Бараните реформи од страна на меѓународните донатори, грчкиот премиер Алексис Ципрас делумно на врат- на нос ги протурка низ парламентот во Атина: зголемувања на даноците, кратења на трошоците, кочница за задолжувањата. Така се смета, дека министрите за финансии од земјите-членки на Еврогрупата на денешниот состанок по повеќемесечни преговори сепак ќе дадат зелено светло за финансиската помош за Грција тешка милијарди евра.

Еврокомесарот за економија Пјер Московиси по одлуките на атинскиот парламент, дека со тоа се исполнети условите за постигнување согласност на средбата на министрите за финансии од еврозоната. „ Ќе успееме во тоа“ изјави неодамна дури и вообичаено многу скептичниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле. На конференцијата на министрите за финансии од групата на седум индустриски најразвиени земји во светот - Г7 во јапонскиот град Сандаи, Шојбле искажа впечатлив оптимизам.

Deutschland Kabinettssitzung Wolfgang Schäuble
Германскиот министер за финансии Волфганг ШојблеФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Sohn

Пред референдумот за Берксит да се покаже единство

Оваа финансиска транша за Грција, која првобитно требаше да биде исплатена уше на крајот на минатата година, во меѓувреме поради зголемените финансиски потреби на Грција би требало да изнесува околу 10 милијарди евра. Со поглед на британскиот референдум за останување или излегување од Европската унија, земјите од еврозоната сакаат да го надминат спорот со владата во Атина околу натамошните реформи и да избегнат криза, каква што беше онаа во минатата година.

(Засега) без отпис на долгот

Важи за неверојатно тоа дека министрите за финансии од еврозоната би можеле да се согласат и за спорните должнички олеснувања за Грција. Разлики во ставовите за ова прашање се пред сѐ видливи меѓу европските донатори и Меѓународниот Монетарен Фонд.

ММФ сака веќе сега да се утврдат олеснувањата и своето учество во програмата за помош на Грција го условува со отстапки на европските партнери за ова прашање. Наспроти тоа германскиот министер Шојбле сака одллуки за евентуален отпис на долговите на Грција да бидат донесени дури во 2018 година, значи по завршувањето на оваа програма за помош и по наредните избори за германскиот Бундестаг.