Дали би се согласиле на одмор во Грција со забрана за излегување од хотелот каде што сте сместени? Група холандски туристи веќе е дел од таков експеримент на островот Родос. Тие, поради пандемијата, се единствените гости во хотелскиот комплекс и уживаат во добриот поглед кон морето, водата во хотелските базени и храната. Дел од нив велат - подобро е нешто отколку ништо.