1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција се враќа на финансискиот пазар

СН/ агенции
25 јули 2017

Повеќе од седум години по колапсот во 2010., Грција се загрева за претстојниот предизвик. Кога во 2018. ќе истече меѓународната програма за помош, кризната земја сака да застане на сопствени нозе. Првиот тест е во тек.

https://p.dw.com/p/2h6Ve
Griechenland Hilfen Parlament Athen Flagge
Фотографија: picture alliance/dpa/F. Plegas

За првпат од постоењето на владата на левичарскиот премиер Алексис Ципрас, Грција се врати на пазарите за задолжување. Грчките медиуми јавуват дека земјата денеска издаде петгодишни обврзници, првпат по тригодишното отсуство на пазарот за обврзници, и е на пат да собере финансиски средства по пониска цена, што би претставувало симболична победа за кризната земја од еврозоната, како и доказ за поголема доверба во, од долгови оптоварената, земја.

Грчката новинска агенција АНА јави дека првичните трансакции за петгодишните владини обврзници биле откупени од заинтересираните банки за повратна каматна стапка од 4,875 проценти, што е за нијанса пониско од оние 4,95 проценти остварени на последната грчка аукција на петгодишни еврообврзници во 2014 година.

Европскиот комесар за економија и монетарна политика Пјер Московиси, кој се наоѓа во посета на Атина, денеска ја пофали Грција за „спектакуларното подобрување“ на финансискатата ситуација кое ѝ овозможи на земјата „постепено да се врати“ на финансискиот пазар.

EU-Wirtschaftskommissar Pierre Moscovici Wachstumsprognosen für 2017
Фотографија: picture-alliance/Zumapress

Грција денеска издаде петгодишни обврзници, првпат по тригодишното отсуство на пазарот за обврзници, што е доказ за поголема доверба во, од долгови оптоварената, земја.

„Денеска сакам да испратам порака: гледаме спектакуларно подобрување на ситуацијата во Грција“, рече Московиси по состанокот со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Еврокомесарот ја поздрави и минатонеделната согласност на Меѓународниот монетарен фонд да продолжи со учество во програмата за помош на Грција до јули 2018 година.

Грција изгласа 140 мерки (со цел за подобрување на економијата) и земјата се наоѓа во одлична состојба, со што се согласува ММФ“, рече Московиси, кој има средба и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Московиси изјави дека „Грција постепено се враќа на пазарот“ и оти односите на Грција од една и ЕУ и меѓународната заедница од друга страна се „во нова фаза“. Грчката влада вчера најави враќање на пазарот за обврзници.