Грчките конзервативци се победници на локалните избори
3 јуни 2019Според неофицијалните резултати, Нова демократија има мнозинство во советите во Атина и Солун, како и во речиси сите региони. Имено, кандидатите на Нова демократија победија во 11 од вкупно 13 региони во Грција, меѓу нив и најголемиот регион Атика околу главниот град Атина. „Политичката карта на Грција се менува во полза на Нова демократија“, оцени политикологот Илијас Николапулос за телевизијата ЕРТ, додавајќи дека „вакво нешто досега немало“.
На европските избори пред една недела Нова демократија исто така ја остави убедливо зад себе партијата на премиерот Алексис Ципрас, Сириза. По поразот Ципрас најави одржување предвремени парламентарни избори на 7 јули.
Повеќе:Ципрас разочаран по тешкиот пораз на Сириза
Според поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, грчките избирачи на локалните избори сега по вторпат му дале „сигнал за промени“ на шефот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис. Синот на Дора Бакојани, Костас Бакојани, според неофицијалните резултати, во трката за градоначалник на Атина победил со 65% од гласовите.