1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Дали е можна „поправка“ на дизелите?

Клаус Дојзе
9 јуни 2018

Додека германските автомобилски производители и натаму работат на „софтверски преправки“ за дизелите, еден претприемач нуди хардверско решение кое е финансиски поволно и ефикасно.

https://p.dw.com/p/2z1wo
Deutschland VW-Skandal Abgase Symbolbild
Фотографија: DW/G. Rueter

Хамбург како прв германски град од пред десетина дена (31.05.2018) воведе забрана за возење на  постари дизел-автомобили на две исклучително фреквентни улици. И тоа и за камиони и за патнички возила. Може да се очекува и други големи градови да го следат овој пример, зашто и во Диселдорф, Кил, Келн, Штутгарт и Минхен вредностите на азотните оксиди во воздухот се далеку над дозволеното.

Германската министерка за екологија Свења Шулце инсистира на вградување соодветен хардвер во дизелите, со што тие би станале „почисти“,  но автомобилската индустрија одбива да ги преземе трошоците за тоа и тврди дека се доволни „софтверски поправки“. Притоа, постои ефикасно доопремување, кое чини околу 3.000 евра.

Deutschland Fahrverbot für Diesel-Fahrzeuge in Hamburg
Забрана за дизели - ХамбургФотографија: Reuters/F. Bimmer

Поефикасно од софтвер

Овој хардвер го разви фабрика која на автомобилската индустрија ѝ испорачува авто-делови: Твинтек од Витен, покраината Северна Рајна Вестфалија. Твинтек има долгогодишно искуство на ова подрачје, па затоа, кога почна кризата со дизелите, не мораше да почнува од почеток. Посебно може да се пофали со искуство со „големи дизели“: земјоделски и градежни машини, автобуси и бродски агрегати. А она што функционира во големи возила, гласи девизата на оваа фабрика, би требало да функционира и во патничките возила. На крајот во Твинтек развиле нов т.н. BNox- систем со посебен генератор за да може да се искористи потребниот амонијак од фазата на ладен старт. Во BNox, објаснува Маркус Хаузер, претседател на Управната група Баумонт, станува збор за состав „кој предизвикува селективна каталитичка редукција“. Со довод на амонијак, овој катализатор азотните оксиди ги претвора во азот и други безопасни плинови и така драстично го намалува производството на азотни оксиди од постарата генерација на дизели. И тоа и на кратки релации од под еден километар.

За да ја докажат ефикасноста на овој систем, инженерите од Твинтек го вградиле во еден Пасат - Фолксваген со плакета од Евро норма 5. Во тест-возењето низ градските и приградски улици, како и на автопат, мерењата на независни експерти од германскиот автомобилски клуб АДАЦ покажале производство од 49 милиграми азотни оксиди на еден километар. А тоа е вредност која е значајно помала дури и од границата на Евро-нормата 6 од 80 милиграми на километар. Заради споредба: дури и по апдејтот на софтверот, овој Пасат од сериско производство на Евро-норма 5 издувувал 430 милиграми во околината. Оттаму, Маркус Хаузер е убеден дека овој проблем не може да биде решен само преку софтверски пат. „Тоа може само да ја намали емисијата за 15 проценти, но и тоа е дури преоптимистичко.“ 

Трошоци од околу 3.000 евра

На германските улици возат околу 5,6 милиони дизел-возила со плакета од Евро-норма 5. За намалување на нивната емисија штетни гасови Маркус Хаузер препорачува ваков BNox- систем, чиј главен дел е генератор, во кој потребното средство за прочистување AdBlue се претвора во амонијак, кој потоа во форма на жежок гас се доведува во катализаторот. За да се одржува температурата на амонијак-генераторот, по потреба се вклучува електричен греач, со што прочистувањето почнува веќе по една минута од активирањето на моторот на автомобилот. Резервоар од 18 литри со AdBlue, значи кербамид, техничарите сместиле во просторот за резерно тркало во багажникот. Торстен Хаке, раководител на Одделот за истражување во Твинтек, вели дека 18 литри се доволни за 10.000 поминати километри.

Во принцип, овој систем е подготвен за сериско производство, Маркус Хаузер истакнува дека веќе при развојот на системот се водела сметка за тоа да се применуваат компоненти кои не само што гарантираат трајност, туку и пониска набавна цена. Заедно со вградувањето, овој систем би чинел околу 3.000 евра.

За ралика од германските производители на автомобили, азиските произведувачи веќе сигнализирале интерес за BNox. Системот веќе се применува во Лондон, каде е вграден во поголем дел од традиционалните двокатни автобуси заради намалување на загаденоста на воздухот.