1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали разочараните републиканци ќе го сменат Трамп?

Карла Блајкер
19 септември 2020

Мал, но влијателен дел од републиканците водат жестока кампања против својот претседател Трамп. Многумина отворено говорат дека ќе гласаат за Бајден. Дали тоа може Трамп да го чини победа на изборите во ноември?

https://p.dw.com/p/3hdeh
USA Nominierungsparteitag der Republikaner
Фотографија: picture-alliance/RNC/J. Koscielniak

Стејси од Аризона е во посета на Вашингтон. Кога ја здогледа новинарската екипа на ДВ пред споменикот на Линколн , почна да скандира „Трамп 2020" кревајќи ги победнички рацете во воздух. „Во минатото бев за демократите“, вели таа, но повеќе не е бидејќи демократите станале  „социјалистички комунисти."

Вели дека под владеење на Трамп, САД станала побогата земја. „Даноците ми се намалени, а квалитетот на живот е зголемен," тврди Стејси. Но за Стејси од Аризона цел БМЛ е „терористичка организација“ слична на „Хитлеровите црнокошуљаши“. И се допаѓа тоа што под Трамп политичка коректност е непожелна. „Си ја сакам слободата. Ми се допаѓа тоа што можам да кажам се и го правам она што сакам," вели оваа жена.

Поделби во брачниот кревет

Трамп како заштитник на слободата и херој на обичниот човек од средната класа – таква слика шират републиканците на конвенцијата која трае од понеделникот. Конвенцијата на која кандидатот и официјално ја прифаќа номинацијата за претседателските избори се оддржува – исто како и минатонеделната на демократите - без масовни собири, но со многу говори кои се пренесуваат во живо.

USA Nominierungsparteitag der Republikaner | Donald Trump
Фотографија: Reuters

И пред пофалбите упатени во говорите, од првата дама Меланија Трамп до потпретседателот Мајкл Пенс, поддршката на актуелниот претседател меѓу републиканците беше одлични 90%.

Повеќе:

-Трамп би можел навистина да ја добие битката

-Меланија Трамп врбуваше за својот сопруг од Белата куќа

-Бајден не е Трамп, но тоа не е доволно

Но, исто како и кај демократите каде веќе не се сите воодушевени со Џозеф Бајден и во редовите на републиканците има тензии. Бизарен е примерот на брачниот пар Конвеј – Келијана Конвеј му е советничка на претседателот, додека нејзиниот сопруг Џорџ Конвеј, исто така републиканец, е еден од најжестоките критичари на Трамп и иницијатор на „Проект Линколн“ во кој преку спотови жестоко се напаѓа американскиот претседател.

Мината недела и двајцата поднесоа оставки на своите позиции со објаснување дека е поради семејни причини. Очигледно не е лесно во истовреме да се биде во брак на спротивставена страна на фронтовите во Републиканската партија.

Против претседателот се изјаснија и низа истакнати републиканци. Кон средината на август беше објавено соопштение потпишано од лица кои се претставуваат како „Поранешни републикански претставници за национална безбедност – за Бајден“. Тие тврдат дека Трамп е закана за безбедноста на Америка. Меѓу потписниците е и Џемс Кели кој под претседателот Џорџ Буш помладиот беше заменик на шефот на Стејт департментот.

Разорачаните менуваат страна

Кампања против Трамп води и Џо Волш, човекот кој неодамна на првите внатрепартиски избори во Ајова се кандидираше против Трамп, но доби само 1,1 одсто од гласовите.

Joe Walsh - Gründer des Anti-Trump "Bravery Project"
Џо ВолшФотографија: Lee Ross Photography

Ова лето тој го иницираше движењето „Проект храброст“, повикувајќи ги републиканците во своето опкружување да водат кампања за Џозеф Бајден. Вели за тоа е потребна храброст. Еден од луѓето кои ќе го сторат токму тоа е Џек Шпилман од Мичиген, ветеран кој три децении ги поминал во армијата. Вели, цел живот гласал за републиканците, и минатиот пат гласал за Трамп бидејќи не ги поднесувал Клинтонови. Но, многу бргу се разочарал од твитовите на Трамп и неговата надворешна политика.

„Беше навистина страшно како ги остави Курдите на цедило," вели Шпилман за Курдите на северот на Сирија, кои беа главна поддршка во борбата против Исламската држава, но потоа беа оставени на турската инвазија. „Им го сврте грбот на нашите сојузници. И прави штета на нашата земја, а со тоа и на целиот свет."

Џо Волш е убеден дека токму разочараните републиканци може да го избркаат Трамп од Белата куќа. Вели доколку во клучните федерални држави се мотивираат само неколку илјади да гласаат за Бајден, Трамп ќе ги загуби изборите.