Како ЕУ годишно губи 147 милијарди евра?
28 јануари 2019Поради даночните измами членките на Европска унија годишно губат милијарди евра. Како? Откако, пред 25 години, е формиран Европскиот економски простор, постои т.н. ДДВ вртелешка. Тоа е даночната измама, во која престапниците свесно го искористуваат фактот дека стоката со која се тргува во Европската унија е ослободена од плаќање ДДВ.
Производите, преку лажни фирми, толку многу пати се увезуваат и извезуваат што даночната управа целосно губи преглед на ситуацијата. И враќа повеќе данок отколку што наплатила.
Темата беше обработена во последната епизода на #EUROPEO на македонски јазик:
Така настанува т.н. „даночна дупка“. На тој начин, членките на Европската унија годишно се во загуба од речиси 150 милијарди евра.
Романците се најголеми даночни престапници. Кај нив даночната дупка изнесува речиси 36 %. Следуваат Грците и Италијанците. Од друга стана, во Луксембург, Шведска и во Хрватска даночната дупка е само околу 1 %. Но, од октомври 2018 година постои конкретна противмерка. ДДВ веќе не плаќа продавачот, туку купувачот. Новото правило е сепак само преодно решение. Бидејќи, Европската комисија веќе работи на нов даночен закон. Тој би требало да стапи во сила во 2022 година.