1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Денови на тажната вистина во Ватикан

21 февруари 2019

Католичката црква минува низ одлучувачки денови. Состанокот на нејзините највисоки великодостојници кај папата е нулта точка и можност за нов почеток, смета Кристоф Штрак, автор на следниов коментар.

https://p.dw.com/p/3DnBw
Rom Petersdom Dunkle Wolken Symbolbild
Фотографија: AFP/Getty Images

голем е бвројот на претставници на медиумите, особено од САД. Многумина интересот што го пробуди средбата го споредуваат со деновите на конклава, односно изборот на нов папа. Оваа недела во Ватикан многу нешта се на дневен ред: расчистувањето на сексуалната злоупотреба од страна на свештени лица, паролата за нула толеранција која папата Франциско многу пати ја повторува, ставот на црквата кон сексуалноста, злоупотребата на духовната моќ од страна на хиерархиски структури. Тоа ги тресе темелите на црквата.
Во Германија тоа се гледа на зголемениот број верници кои ја напуштаат црковната заедница. Во многу други земји во кои припадноста кон црквата не е евидентирана од страна на државата како што тоа е случај во Германија, нештата не се многу поразлични. Индикатор таму е намалената доверба во црквата како институција. Бројките може да се сфатат како „банкрот“.

Без доверба нема ни вера

Црквата треба да служи за доброто на луѓето. Довербата и верата тука се главните фактори. Поединечни како на пример германските кардинали Милер и Кордес може да го игнорираат тој момент, но нивните зборови наликуваат на празни фрази од минати времиња. Откако папата Франциско во септември ги покани на оваа кризна средба претседателите на националните бискупии од цел свет во Рим и им нафреди да разговараат со жртвите на злоупотребите, се појавуваат постојано нови бројки и случаи. Тие покажуваат дека и на темата злоупотреба црквата е светска, со оглед на тоа дека нови случаи се пријавуваат од Полска и Мексико, Белгија и многу сојузни американски држави. Други региони како Африка и Азија испратиле извештаи во Ватикан без поголемо медиумско експонирање. Стотици случаи, сигурно илјадници нови жртви и десетици илјади казниви дела. Одвратно, па дури и незамисливо! 

Случаите одамна го тангираат и самиот Ватикан. Во последните 14 дена од функцијата се повлече австриско свештено лице, инаку долгогодишен соработник на Конгрегацијата заради обвинувања на злоупотреба на една калуѓерка. Папата Франциско отпушти еден од најважните кардинали од изминатите децении, надбискупот Теодор Мекарик, додека во Франција правосудните органи ги истражуваат обвинувањата за сексуално малтретирање од страна на амбасадор на папата, воедно и надбискуп. Диоцезата од САД соопштува за основани обвинувања за злоупотреба од страна на еден од најважните судии на највисокиот црковен суд, Рота Романа. Секој од овие случаи е страшен сам по себе.

Deutsche Welle Strack Christoph Portrait
Кристоф Штрак, автор на коментаротФотографија: DW/B. Geilert

Повод за благодарност кон жртвите

Средбата во Рим е повод да се искаже благодарност кон жртвите кои не попуштиле во своето барање почит и признание, правда и обесштетување. На англиски јазик жртвите се опишуваат самите себе како „преживеани", што треба да покаже дека многу други биле скршени од болка и страдање и пропаднале како последица на слученото. Многу жртви неделава ќе бидат во Рим, многу жени кои биле жртви на силување од бискупи ќе излезат пред медиумите. Во среда се собираат жртви од разни земји и континенти, кои биле злоставувани како деца. Пред челниците на црквата, институцијата на спасот ќе држат собир до сабота, а потоа ќе тргнат на демонстрации низ Рим.  

Повеќе:

-Скандалите во католичката црква

-Папа: Повеќе нема да има прикривање на сексуалното злоставување


Жртвите со своите настапи постојано ја тресеа црквата. Јас лично имам најголем респект за секоја жртва која собрала и сила и храброст да сведочи за доживеаното насилство. Насилство со кое, барем во Африка, често е поврзано и губењето на угледот и достоинството во општеството. Треба да се надеваме дека делегираните од страна на Папата ќе успеат во сабота сите присутни жртви, а не само некои избрани, да ги поканат на мисата за покајание во „Сала Региа“. 

Одлучувачки час за католичката црква

Ова се мрачни денови во Рим по многу мрачни години. Ова се денови на вистина – тажна вистина. И советувањата на црковните претставници од целиот свет може да бидат само поттик и нов почеток, кој мора да биде проследен со многу посериозни чекори. Крај на патријархалната моќ на сите свештеници во секојденевието. Премин од моралниот диктат во заедничка потрага по вистинскиот пат. Размислувања за досегашната слика за свештениците. Едно пошироко поле, чии ограничувања сега е тешко да се утврдат.

Како човек „од крајот на светот“ Папата Франциско од март 2013 година ја „тресе“ црквата. Неговиот ангажман, особено за бегалци и маргинализирани луѓе, ја обврзува црквата. Овој толку различен понтификат би можел да доживее неуспех заради крутоста на црквата и нејзиниот машко-свештенски апарат. Овие денови во Рим се „денот Д“ за католичката црква. Но, не оставаат простор за преголем оптимизам.