1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици повредени и приведени во немирите пред Собрание

ДТЗ
5 јули 2022

Полициски извори за ДВ потврдуваат дека се приведени десетина демонстранти, кои што учествуваа во насилните протести во кои е предизвикана и поголема материјална штета.

https://p.dw.com/p/4Dibr
Nordmazedonien: Proteste in Skopje
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Четириесет и седум полицајци се пожалиле на повреди, а десетина се посериозно повредени во инцидентите коишто се случија вечерва пред Собранието, каде што се одржуваа протести против францускиот предлог за кревање на бугарското вето. Полициски извори за ДВ потврдуваат дека се приведени десетина демонстранти, кои што учествуваа во насилните протести во кои е предизвикана и поголема материјална штета. 

Nordmazedonien: Proteste in Skopje
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Демонстрантите фрлаа со бекатон плочки, шишиња и се што ќе им се најдеше под рака, и кон полицијата, но и кон собраниската зграда во центарот на Скопје. Притоа е уништено едно полициско возило „шкода јети“, а демолирани се и двете куќички пред Собранието, наменети за припадниците на полицијата. Штети се предизвикани и на собраниската врата, искршени се и бројни прозорци од законодавниот дом и откорнати се бекатон плочки од патеката пред парламентот.