Димитров и Коѕијас разговарале интензивно и срдечно
26 април 2018Реклама
По средбата, шефовите на дипломатии на двете земји не дадоа изјави за медиумите. Единствено посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, кусо рече:
„Разговаравме за отворените прашања во врска со прашањето на името. Имавме интензивна дискусија, во многу срдечна атмосфера. Двете страни се посветени на наоѓање решение. Процесот продолжува наредната недела.“
Нимиц со министрите на двете земји се среќава по третпат во Виена. Првата средба се одржа на 13 февруари, а втората на 30 март.