Договорот од Преспа и учебниците
23 ноември 2018Реклама
Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, предвидува и формирање Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Комитетот, кој е формиран и ја одржа првата седница, има задача, доколку е неопходно, да изврши ревизија на учебниците, во согласност со начелата на УНЕСКО и Советот на Европа. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Кристина и Алексија, со оваа тема се занимаваше на крајот на септември во Скопје, а неделава истражуваат во Солун.