1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и Ердоган создаваат нова реалност на Балканот

ФАЦ
9 јануари 2020

Гасоводот „Туркстрим“ е нов удар за ЕУ на Балканот, која немо набљудува додека Русија и Турција добиваат пристап до енергетските пазари на земјите во регионот. Коментар во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

https://p.dw.com/p/3VvUb
Türkei Istanbul Eröffnung TurkStream-Gaspipeline | Wladimir Putin, Russland & Recep Tayyip Erdogan
Фотографија: Reuters/U. Bektas

Во сенка на дебатата за гасоводот „Северен тек 2“ во Балтикот, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган на другата страна на континентот воспоставуваат нова реалност. Во иднина гасот од Русија под Црното море ќе биде транспортиран во Турција, заобиколувајќи ја Украина, со што таа засилено се изолира.

Тоа не е новина, имајќи предвид дека преку гасоводот „Син тек“, кој исто така минува по дното на Црното море, турскиот пазар се снабдува со руски гас уште од 2003 година. Но „Туркстрим“, новиот гасовод, не само што има речиси двојно поголем капацитет, туку е и политички амбициониран. Една делница од гасоводот продолжува кон Бугарија, а оттаму кон Србија, Унгарија и Република Српска во БиХ. И Атина и Скопје имаат интерес да се приклучат. Со оглед на нивната изолираност и краткорочно погледнато, поврзувањето со „Туркстрим“ за земјите од регионот може да биде погодно. Но со тоа Анкара и Москва добиваат пристап во дел од енергетската безбедност на кршливите мали држави на Југоисточна Европа. Тоа не е смирувачка перспектива за ЕУ. Нејзиното влијание опаѓа, меѓу другото, и поради тоа што перспективата за членство во ЕУ, по ветото на францускиот претседател Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, веќе не е веродостојна. Доколку ЕУ, Берлин и Париз не заиграат поактивна улога, и понатаму ќе продолжат да заостануваат во Југоисточна Европа.