1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доделени Греми наградите

9 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeVv
Во Лос Анџелес, пред неколку часа заврши доделувањето на т.н. музички оскар, наградата Греми. Ѕвезда на вечерта - 22 годишната Бијонсе Ноулс. Со легендарниот Принс и неговата незаборавна "Purple Rain" почна големото доделување на музичките награди, кои овојпат најмногу завршија во рацете на Бијонсе. Таа доби пет награди, меѓу кои и за најдобра пејачка и за нејзиниот прв соло албум "Dangerously in Love" Четири греми награди му се доделени на соул легендата Лутер Вандрос. Тој не учествуваше на гала церемонијата, поради преживеаниот мозочен удар. Раперите Ауткест, беа наградени за нивниот албум "Speakerboxx/The Love Below" , а најдобар поп албум, според жирито во годината што измина имал Џастин Тимберлејк. Најдобар поп пејач е исто така Тимберлејк, а поп пејачка, Кристина Агилера. Пинк е прогласена за најдобра рок пејачка, а најдобар рок албум е "One by one" на Фу Фајтерс. Њукамер на годината се Еванесенс. Греми академијата годинава додели вкупно 105 награди.