Доделени „Греми“ наградите
9 февруари 2009Британецот Роберт Плант, поранешниот фронтмен на „Лед Цепелин“ и Американката Елисон Краус добија пет награди - за аудио запис на годината, како и за категориите поп, фолк/американа и кантри музика и најдобар албум на годината за плочата „Raising Stand“.
Како најдобар млад изведувач е наградена Британката Адел, додека британската група Колдплеј зеде три награди, меѓу кои онаа за песна на годината за „Viva La Vida“. Со три статуетки во рацете си отиде и Лил Вејн, додека рок-ветеранот Брус Спрингстин ја додаде деветнаесеттата „Греми“ на своето конто.
Американката Џенифер Хадсон, пак, ја доби првата „Греми“ награда во својата кариера - „Греми“ за најдобар „аренби“ албум за остварувањето „Jennifer Hudson". Црномурестата 27-годишна пејачка пред неколку месеци доживеа голема семејна трагедија, во која беа убиени мајка и`, братот и внукот, а за убиствата беа обвинети поранешниот сопруг на нејзината сестра. Инаку Хадсон е веќе добитник на „Оскар“ за најдобра споредна улога во филмот „Дримгрлс“.
Со „грамофонче“ се закити и Берлинскиот филхармониски оркестар, како и Берлинскиот радиски хор, кои ја добија наградата за најдобра хорска изведба. Тие беа наградени за интерпретацијата на „Симфонијата на псалми“ од Игор Стравински. Уште една награда отиде во германски раце - композиторот Ханс Цимер беше награден за саундракот за филмот за Бетмен „Темниот витез“.