1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте притисокот за импичмент на Трамп

ДТЗ /ДВ
11 јануари 2021

Расте притисокот за импичмент на претседателот Доналд Трамп и негово остранување од функцијата, во последните денови од неговиот мандат

https://p.dw.com/p/3nnu7
USA Nach Sturm auf das US-Kapitol
Фотографија: David Zalubowski/dpa/AP/picture alliance

Републиканците ја блокираа резолуцијата на Претставничкиот дом со која Демократите побараа од потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25. амандман на Уставот за експресно отстранување на Доналд Трамп од Белата куќа. Демократската партија и официјално го обвини Трамп за „поттикнување востание и насилство“ во врска со упадот на неговите приврзаници во зградата на Конгресот минатата среда, кога починаа пет лица, покренувајќи ја постапката за негово отповикување.

„Претседателот Доналд Џон Трамп се обвинува за тешки злосторства и прекршоци. Тој тешко ги загрози безбедноста на САД и владините институции. Тој се закани на интегритетот на демократскиот процес, се замеша во мирната транзиција на власта и ја изневери довербата како претседател. Со таквото однесување, тој и натаму ќе биде закана за националната безбедност, демократијата и уставот ако остане на функцијата“, се вели во обвинението за покренување импичмент, кое и формално беше претставено во Конгресот.

Лидерот на Демократите во Претставничкиот дом, Стени Хојер, потврди дека в среда најверојатно ќе се гласа за импичментот, по што процесот веднаш ќе се префрли во Сенатот. Нејасно е дали две третини од сенаторите ќе се согласат за предвремено разрешување на Трамп, на кого му остануваат само уште девет дена од мандатот.

Расте притисокот
 
Расте притисокот за импичмент на претседателот Доналд Трамп и негово остранување од функцијата, во последните денови од неговиот мандат. Трамп се соочува со единствено обвинение - „поттикнување на востание“ - во резолуција за импичмент што може да биде ставена на гласање до средината на неделава. Демократите го повикаа потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман на Уставот за смена на Трамп од функцијата пред 20 јануари, кога треба да биде инаугириран демократот Џо Бајден.
Сето ова се случува кога во последните моменти од претседателството на Трамп, кога Демократите и сè поголем број Републиканци изјавуваат дека тој е несоодветен за функцијата и дека може да нанесе поголема штета по поттикнувањето на толпата што изврши насилен упад во американскиот Капитол во смртоносна опсада минатата среда.
„Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и владините институции“, се вели во иницијативата за импичмент напишана на четири страници.  „Тој ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата“, се вели во документот. 
Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси ги повикува пратениците во Вашингтон да гласаат, откако се повеќе Републиканци велат дека е време Трамп да поднесе оставка.

USA Washington | Pro-Trump Unterstützer stürmen Kapitol
Страв од повторување на насилствата во ВашингтонФотографија: Hiroshi Tajima/AP/picture alliance

Готово е

Републиканскиот сенатор Пат Томи од Пенсилванија, се приклучи на сенаторот Лиса Мурковски од Алјаска за време на викендот, повикувајќи го Трамп да „оди колку што може подалеку“. 
За време на интервју за „60 минути“ емитувано во неделата, Пелоси се повика на ерата на Вотергејт кога Републиканците во Сенатот му рекоа на претседателот Ричард Никсон, „Готово е“. „Тоа е она што мора да се случи сега“, рече таа. 
ФБИ во меѓувреме предупреди од опасноста пред и за време на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, во Вашингтон и други градови, да бидат организирани „вооружени протести“. 
Американската служба за национални паркови објави дека ќе забранат посета на споменикот на Џорџ Вашингтон во центарот на Вашингтон до 24 јануари, поради постојаните закани од групите вклучени во нападот на зградата на Конгресот. Истите групи се закануваат дека ќе ја нарушат инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден на 20 јануари. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема