1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Едвард Сноуден агитира за азил во Германија

ЕМФ / дв
14 септември 2019

Едвард Сноуден во повеќе интервјуа предупредува од опасноста од подем на авторитаризмот. Истовремено, тој агитира за азил во Германија и за својата нова книга.

https://p.dw.com/p/3PbUF
Edward Snowden
Фотографија: picture-alliance/MAXPPP/Kyodo

Пред шест години Едвард Сноуден го разоткри надгледувањето на интернет од страна на западниот тајни служби кое се вршеше наголемо, а сега свиркачот предупредува од опасноста од задушување на демократски движења во светот, како што е она во Хонгконг.

36-годишниот Сноуден за магазинот „Шпигел“ предупредува од опасноста од подем на политичари како Доналд Трамп и Борис Џонсон, или успеси на десни популисти како германската АфД и нагласува дека тоа не треба да се третира како „минливо отстапување од политичките норми“. „Политичарите и претприемачите насекаде сфатија дека може да ја користат технологијата за да вршат влијание во светот на едно ново ниво“, вели Сноуден.

Повеќе:

Едвард Сноуден - запоставен и заборавен

Сноуден смее да остане во Русија уште две години

Олеснето шпионирање

Тој смета дека техничкиот развој на мрежата претставува опасност и за секој поединец. „Во еден свет на тотално надгледување, во кој секое прекршување на законот ќе биде казнувано без исклучок, сите луѓе би биле криминалци“, изјави Сноуден за „Зиддојче цајтунг“.

Тој бара да се стави крај на „масовното собирање податоци“. Тоа важи не само тајните служби, туку и за концерните како Фејсбук и Гугл, вели Сноуден. Прв чекор, според него, би било на секој корисник на самртфон да му стане видливо „колку многу сме следени во чекор“, нагласи Сноуден за „Шпигел“, додавајќи: „И, доколку никој не создаде алтернатива, тогаш тоа ќе го сторам јас по ѓаволите“.

Со драго срце - азилант во Германија

„Ако Германија ме прими, тоа во меѓувреме не би се сметало за непријателски акт спрема САД“, оценува Сноуден за весникот „Велт“. Свиркачот е на мислење дека тоа е очигледно за секого кој „има објективен поглед врз историјата“. Германија има добри и пријателски односи со САД. Американската влада го обвини Сноуден за предавство, додека неговата одбрана вели дека тој е само поборник за приватност и дека неговите откритија се легитимни.

Buchcover Permanent Record von Edward Snowden
Книгата на Сноуден ќе биде објавена на 17 септемвриФотографија: picture-alliance/AP/Metropolitan Books

Сноуден им префрла на Германија и Франција дека досега не презеле ништо во врска со неговиот случај. „Би сакал политичка заштита од страна на Германија и Франција и би сакал таму да поставам барање за азил. Но владите бараа причини зошто не би смеел да дојдам во двете земји.“ Сноуден тврди дека не разоткрил ништо со што би загрозил луѓе.

Сноуден интервјуата за повеќе германски весници ги даде по повод претстојното објавување на неговите мемоари на 17 септември.