1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Експлозии во Киев, проценки за крај на војната во мај

ЕМФ | агенции
15 март 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Москва „веќе почна да сфаќа дека со војна не се постигнува ништо“.

https://p.dw.com/p/48U97
Ukraine Kiew | Zerstörtes Wohngebäude nach Beschuss
Украински пожарникари гаснат пожар по бомбардирање во КиевФотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance

Преговорите помеѓу Украина и Русија би требало да продолжат денеска, рече во текот на изминатата ноќ во видео порака на Фејсбук украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој вчерашната преговарачка рунда ја оцени како позитивна. Му било речено дека разговорите протекле „прилично добро“. „Но, да почекаме“, додаде Зеленски во однос на новата рунда преговори. Тој од руските војници побара да ги прекинат борбите. „Ви нудам шанса да преживеете“, рече Зеленски.

Советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, проценува дека војната би можела да заврши во мај. „Мислам дека до мај, почетокот на мај, би требало да имаме мировен договор, можеби и многу порано, ќе видиме“, изјави Арестович, кој не учествува лично на преговорите со Русија.

„Одете си од нашиот град“

Рускиот претседател Владимир Путин уште во петокот зборуваше за „позитивен напредок“ на преговорите. Паралелно со разговорите руската армија ги продолжува нападите во Украина.

„Окупаторските сили и натаму ја напаѓаат инфраструктурата и станбените подрачја со ракети и бомби, артилерија и тенкови“, изјави шефот на генералштабот на украинската армија.

- повеќе: Киев: Животот во родилиште за време на војна

Киев изутринава го потресоа низа тешки експлозии. Украинската пратеничка Лесиа Василенко на Твитер објави фотографија на која се гледа оштетен станбен блок од кој излегува чад. „Квартот Подил во Киев е место на кое се пие кафе и се ужива во животот. Сега веќе не. Пред 30 минути (Подил) беше погоден“, напиша Василенко.

Ukraine Kriegszerstörungen in Kiew
Половина од жителите на Киев го имаат напуштено градот Фотографија: Vadim Ghirda/AP/dpa/picture alliance

Руската армија се обидува да го опколи Киев. Во градот и натаму се половина од некогашните три милиони жители. Тие би можеле да го напуштат градот само во насока на југ. Во предградијата на север и зеверозапад од градот се водат тешки борби.