Ескалира риболовниот спор во Ламанш
28 октомври 2021Франција им упатила предупредување на британски бродови кои рибареле во водите во близината на пристаништето во Авр, соопшти денеска француските власти додека расте напрегнатоста меѓу соседните земји околу договорот во врска со риболовот по Брегзит.
Француското министерство за поморство соопшти дека за време на ноќта објавило предупредување до два брода, од кој еден бил пренасочен во франциското пристаниште. На капетанот на бродот му се заканува судска постапка и одземање на уловот.
Франција соопшти оти на нејзините рибари им недостасуваат половина од дозволите потребни за риболов во британските води, за кои Париз вели дека Лондон им ги должи по излегувањето од ЕУ.
Повеќе: Хаос и бирократија - Британците дури сега сфаќаат што значи Брегзит
Вчера Франција објави попис на санкции кои би можеле да стапат на сила од 2 ноември ако нема потребен напредок во риболовниот спор со Велика Британија, велејќи оти се работи на втор круг кој би можел да влијае на снабдувањето со електрична енергија на нејзиниот сосед.
Франција би можела да ги засили граничните и санитарните проверки на стока од Велика Британија, ускратувајќи им на нејзините рибарски бродови пристап до одредени пристаништа и да ги засили проверките на камионите кои возат меѓу двете земји, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за помоморство и за европски прашања.